Министрите се согласиле да повикаат на прекин на огнот / Photo: AA

Министрите за надворешни работи на земјите членки на групата Г-7 денес повикаа на „итна акција“ за решавање на хуманитарната криза во блокираната палестинска енклава Газа, јавува Анадолу.

„Ја истакнуваме важноста за почитување на меѓународното хуманитарно право во Газа“, рече јапонската министерка за надворешни работи Јоко Камикава.

Камикава им се обрати на медиумите во Токио откако министрите за надворешни работи на Г-7 го завршија својот дводневен Самит во Јапонија, објави „Кјодо њуз“.

Таа рече дека министрите „се согласиле да повикаат на прекин на огнот“ во израелската војна „за да може да се достават хуманитарни материјали до Појасот Газа“.

Најмалку 40.000 лица се загинати, повредени или исчезнати во нападите на Израел врз Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа.

Министрите на земјите од Г-7, сепак, се воздржаа од критикување на Израел откако тој ја започна војната против Газа по ненадејниот напад на палестинската група Хамас пред еден месец.

Салама Маруф, портпарол на Канцеларијата за медиуми во Газа, за новинарите синоќа изјави дека во израелските напади загинале 10.328 Палестинци, од кои 4.237 деца, 2.719 жени и 631 постаро лице.

Маруф рече дека речиси 26.000 се повредени, а повеќе од 3.000 луѓе се водат како исчезнати.

Според официјалните податоци, во Израел загинале околу 1.600 лица.

AA
Популарни