„Бајден мора да престане да праќа оружје за извршување геноцид“, рекоа демонстрантите / Photo: AA

Група еврејски активисти се врза со синџири за оградата на Белата куќа вчера во знак на протест против политиката на американскиот претседател Џо Бајден кон војната во опколениот Појас Газа.

Групата демонстранти наглас ги прочита имињата на убиените во израелските напади на Појасот Газа.

„Денес сме тука бидејќи како Евреи добро знаеме како изгледа геноцид и знаеме какво е тоа чувство. Тоа и понатаму е во нашите сеќавања“, рече Естер Фармер, портпаролка на групата Еврејски активисти за слобода на Палестина и додаде:

„Тука сме за да му кажеме на Бајден дека мора да престане да го финансира и да праќа оружје за извршување геноцид.“

Полицијата го прекина протестот користејќи клешти за сечење за да го скине синџирот со кој демонстрантите се врзаа за оградата на Белата куќа.

Демонстрантите се оддалечија со кренати тупаници.

Протестот е одржан само неколку часа пред Џо Бајден и првата дама Џил Бајден во Белата куќа да ја организираат годишната забава по повод Ханука, еден од најголемите еврејски празници.

AA
Популарни