Стотици фанатични еврејски доселеници се обидоа да го спречат влезот на хуманитарната помош во Појасот Газа, каде што катастрофата секој ден сѐ повеќе се продлабочува поради израелските бомбардирања и гранатирања, известува Анадолу.
Околу 200 луѓе, главно поврзани со фанатичната група на еврејски доселеници именувана „Хил Јут“, се собраа во близина на пристаништето на градот Ашдод во близина на Газа, носејќи израелски знамиња.
Некои доселеници седеле пред камионите, обидувајќи се да дојдат до пристаништето за да ги спречат возилата да преминат.
Повремено доаѓаше до кавга меѓу израелската полиција и демонстрантите. Полицијата, сепак, не интервенираше.
Фанатичните еврејски доселеници носеа транспаренти на кои пишуваше: „Ние кажуваме НЕ на стотици камиони што влегуваат во Газа“, „Камионите што влегуваат во Газа ја поддржуваат војната“, „Нема помош за терористите“ и „Хуманитарна помош=смрт“.
Еврејските доселеници во Израел протестираат за да го спречат праќањето на хуманитарната помош во Појасот Газа, каде што Палестинците се борат за преживување поради недостиг на храна и чиста вода. Се шират болести и зарази поради недостиг на основни средства за хигиена.
Според истражувањето што го спроведе „Канал 12“, 72% од Израелците се против „праќањето хуманитарна помош во Појасот Газа додека не се ослободат заробените Израелци“.