Палестинците со години се изложени на напади и насилство од еврејските доселеници на окупираниот Западен Брег, кое ескалираше во последните денови и сега е во центарот на вниманието на светската јавност.
Израел продолжува да гради еврејски населби на палестинската територија што ја окупира од 1967 година. Владите кои дојдоа на власт во Израел и по тој период продолжија да ги користат населбите и палестинската територија како средство за јудаизација.
Постоењето на вкупно 262 еврејски населби изградени во окупираниот Западен Брег и источен Ал Кудс (Ерусалим) го оневозможува формирањето на суверена палестинска држава.
Напорите за проширување на еврејските населби, кои според меѓународното право се сметаат за незаконски, не престануваат ниту денеска, а Палестинците велат дека ваквата состојба е една од најголемите закани за формирање на палестинска држава во границите од 1967 година.
Вооружени еврејски доселеници кои живеат овде често ги напаѓаат Палестинците и ги принудуваат да ги напуштат своите домови.
Многу израелски и меѓународни организации за човекови права ги обвинуваат израелските сили дека ги штитат доселениците кои ги вршат овие напади.
Она што се случи со семејството Девабиша е еден од најтрагичните примери за овие напади.
Куќата на палестинско семејство во градот Дума во близина на градот Наблус во Западниот брег беше запалена од еврејски доселеници утрото на 31 јули 2015 година.
Во пожарот изгорело 18-месечно бебе, а мајката, таткото и нивното второ дете, четиригодишниот Ахмед, со тешки повреди биле пренесени во болница.
Но како последица на повредите починале и двајцата родители, 31-годишниот Саад Девабише и 28-годишната Рихам.
Ахмед, единствениот преживеан член од семејството Девабиш, се здобил со изгореници на 60 отсто од телото.
Нападот предизвика голем гнев кај Палестинците и меѓународната заедница.
Но насилството на еврејските доселеници врз Палестинците не заврши.
Овие напади дополнително се зголемија кога коалициската влада на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дојде на власт кон крајот на 2022 година и за министри назначи екстремно десничарски личности како Безалел Смотрич и Итамар Бен-Гвир, поддржувачи на еврејските доселеници познати по нивниот расистички и дискриминаторски став и дискурси против Палестинците.
Обединетите нации предупредија на речиси 100 отсто зголемување на нападите врз Палестинците на окупираниот Западен Брег во последните недели.
Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарна помош (OCHA) соопшти дека од 7. октомври на Западниот Брег се раселени 820 Палестинци, а нападите на израелските доселеници се зголемиле од просечно три на седум дневно.
Новинар на Анадолу собра информации за еврејските населби на окупираниот Западен Брег и Источен Ал Кудс.
Потсети на историјата на еврејските населби на палестинската територија.
Откако Израел го окупираше Западниот Брег и Источен Ал-Кудс во 1967 година, почна да гради еврејски населби во тие области.
Во текот на десетгодишниот период помеѓу 1967 и 1977 година, израелската влада, предводена од левичарската Лабуристичка партија, започна интензивна програма за изградба на еврејски населби околу источен Ал-Кудс и неговата околина и Мртвото Море на источниот Западен Брег.
Екстремно десничарската партија Ликуд, која ја презеде Лабуристичката партија и ја формираше владата, помеѓу 1977 и 1987 година котинуирано ја продолжи својата програма за изградба на еврејски населби и имаше за цел да го зголеми бројот на Евреи кои живеат околу Западниот Брег на еден милион.
Во 1990 година, тогашната израелска влада објави дека не ги прифаќа границите од 1967 година и го забрза својот план за изградба на еврејски населби на Западниот Брег.
Во тој процес, израелската влада изгради „безбедни“ патишта кои минуваат низ внатрешните региони на Западниот Брег и со тоа им овозможи мегѓусебен пристап на илегалните еврејски населби во регионот, како и пристап до другите израелски градови.
Со повикот на поранешниот израелски премиер Ариел Шарон да се „изградат населби низ Западниот Брег“ во 1996 година, еврејските населби беа изградени директно на Западниот Брег.
Има вкупно 262 еврејски населби
Еврејската населба Кефар Ацијон на југот на Западниот Брег се смета за првата еврејска населба што Израел ја основа веднаш по окупацијата на Западниот Брег и Источен Ал Кудс во 1967 година.
Според Халил Туфекчи, експерт за еврејски населби, има 252 еврејски населби на Западниот Брег и 10 во Источен Ал Кудс.
Според движењето „Мир сега“, израелска невладина организација позната по своето противење на еврејските населби, еврејските населби заземаат нешто повеќе од 13 отсто од Западниот Брег.
Овие населби, распространети низ Западниот Брег, ја ограничуваат и слободата на движење на Палестинците.
Околу 690.000 еврејски доселеници
Според Туфекчи, кога Израел го окупираше Западниот Брег и Источен Ал-Кудс во 1967 година немаше еврејски доселеници, денес во областа живеат 690.000 еврејски доселеници, а само 230.000 се во Источен Ал-Кудс.
Кога беше прогласена независноста на Палестина во 1988 година бројот на еврејски доселеници на Западниот Брег беше 66.500, но бројка достигна 116.300 во 1993 година, кога беше потпишан мировниот договор во Осло меѓу Израел и Палестина.
Во 2000 година, кога страните се сретнаа во американскиот град Кемп Дејвид за да го решат израелско-палестинскиот проблем, бројот на еврејски доселеници на Западниот Брег достигна 184.000.
Со завршувањето на напорите за решавање на израелско-палестинскиот проблем во 2014 година, бројот на луѓе кои живеат во еврејските населби на Западниот Брег се зголеми на 371.000.
Откако Доналд Трамп дојде на власт во САД, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја забрза изградбата на еврејски населби.
Еврејските населби во Газа
Израел почна да гради еврејски населби на многу стратешки точки во Газа во 1968 година.
Израел, кој изгради 19 еврејски населби на површина од 23.000 квадратни метри во Појасот Газа, ги анектира овие места под името „безбедна зона“.
Со зголемениот вооружен отпор во Газа, во 2003 година, тогашниот израелски премиер Шарон го претстави „Планот за раздвојување“, кој за прв пат предвидува евакуација на еврејските населби во регионот.
Соочен со силен вооружен отпор во регионот, Израел беше принуден да се повлече од Газа со евакуација и рушење на нелегалните еврејски населби во Појасот Газа на 15 јуни 2005 година.
Според Палестинците, еврејските населби на Западниот Брег и Источен Ал Кудс станаа цел „колонијален систем“ со повеќе патишта, универзитети, училишта и здравствени установи отколку обични населби.
Според меѓународната заедница, еврејските населби изградени од Израел на палестински територии се „нелегални“ и се една од најголемите пречки на патот кон решението - две држави, што ќе воспостави мир меѓу страните.
Игнорирајќи ги повиците да не се градат еврејски населби, Израел ги смета сите чекори што треба да се преземат во таа насока како „целосно отстранување на Евреите од Западниот Брег“.
Организацијата за ослободување на Палестина (ПЛО) наведува дека еврејските населби изградени на палестински територии се „најголемата пречка“ на патот кон решавањето на конфликтот во двете држави и нагласува дека овие населби ја ослабуваат можноста за постигнување праведен и траен мир во регионот.
На не-Евреите, исто така, им е забрането да живеат во еврејски населби изградени во окупираниот Источен Ал-Кудс и Западниот Брег.
Мировните преговори меѓу Израел и Палестина беа прекинати во април 2014 година бидејќи Израел „одби да ги прифати границите од 1967 година, правото на враќање на Палестинците подложени на присилна миграција и стопирање на новите еврејски населби“.
По последните израелски напади врз Газа, зголемените акти на насилство врз Палестинците од вооружени Евреи на Западниот Брег продолжуваат да предизвикуваат реакција кај меѓународната заедница.