„Ова никогаш не му се случило на ниту еден американски претседател“, рече Трамп.    Фото: Ројтерс

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп објави дека агенти на Федералното биро за истраги (ФБИ) извршиле претрес на неговиот имот Мар-a-Лаго во американската сојузна држава Флорида.

Трамп објави дека група агенти на ФБИ извршиле рација во неговиот дом во Мар-а-Лаго во Палм Бич.

„Ова никогаш не му се случило на ниту еден американски претседател“, рече Трамп.

Тој додаде дека агентите на ФБИ му го отвориле и сефот.

„Ваков ненајавен упад во мојата куќа по работата и соработката со релевантните институции е непотребен и несоодветен“, смета Трамп.

Асошиетед прес, повикувајќи се на релевантни извори, објави дека претресот бил извршен како дел од истрагата дали Трамп однел тајни документи на имотот на Флорида за време на неговиот мандат во Белата куќа.

Федералните закони забрануваат изнесување на тајни владини документи од соодветни официјални позиции.

AA
Популарни