Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, говорејќи на отворањето на третиот Дипломатски форум во Анталија, рече дека чесниот народ на Западот повеќе не е рамнодушен кон бруталностите во Газа.
На почетокот на поздравното обраќање, Фидан истакна дека Дипломатскиот форум во Анталија стана важен бренд и платформа на идеи во дипломатијата, со акцент на плурализмот и реалните проблеми.
Потоа се осврна на ситуацијата во Газа која од 7 октомври е цел на брутални израелски напади, поконкретно на неадекватните реакции на ситуацијата во Газа.
„Чинот на американски војник кој се самозапали затоа што не можеше да го поднесе своето соучесништво во масакрот во Газа е јасен показател за кризата на легитимноста на меѓународниот систем“, рече Фидан.
Министерот Фидан истакна дека денес се забележува дека „чесните луѓе на Западот повеќе не се рамнодушни кон оваа бруталност во Газа“.
„Исламскиот свет, глобалниот југ, совесните луѓе на Западот се на нозе. Сепак, извршителите на масакрот се слепи и глуви на овие извици“, рече Фидан.
Најмалку 193 Палестинци загинаа, а 920 се повредени во израелските напади во енклавата во последните 24 часа, соопшти денес Министерството за здравство во Појасот Газа. Bилансот на загинати достигна 30.228 лица.
„Израелската окупација изврши 13 масакри врз семејствата во Појасот Газа, оставајќи 193 загинати и 920 повредени во текот на изминатите 24 часа“, истакна Министерството.
„Многу луѓе сѐ уште се наоѓаат под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава од Министерството.