Илјадници невини цивили продолжуваат да бидат убивани, изјави во Тирана турскиот министер за надворешни работи / Photo: AA

Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, предупреди на голема катастрофа во Газа, бидејќи хуманитарната помош е одбиена, апелирајќи до меѓународната заедница за спречување на гладот и појавата на болести меѓу 2-та милиони луѓе кои се држат како заложници.

На заедничката прес-конференција со неговиот албански колега Игли Хасани во Тирана, Фидан рече: „Тоа што хуманитарната помош и медицинските материјали не се дозволени да влегуваат во Газа, моментално е предвесник за една голема катастрофа внатре во енклавата.“

„Бидејќи сме сведоци на загубата на илјадници животи, сега сме соочени со страшната ситуација на Палестинците држени како заложници, кои се борат со непосредната закана од глад и болести“, нагласи тој.

Тој ја повика „меѓународната заедница да преземе превентивни мерки преку различни средства за да се избегнат гладот и епидемиските болести кои можат да ги уништат 2-та милиони луѓе кои моментално се држат како заложници“.

„Илјадници невини цивили продолжуваат да бидат убивани. Се соочуваме со уште едно ниво на трагедија“, додаде тој.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас во октомври минатата година.

Во нападите се убиени повеќе од 26.000 луѓе, главно жени и деца, а раселени се 85 отсто од населението на блокираната енклава и создадени се услови за глад.

Меѓународниот суд на правдата, во својата привремена одлука за случајот за геноцид поднесен од Јужноафриканската Република, му нареди на Израел да ги спречи актите на геноцид во Газа и да овозможи обезбедување на итно потребните основни услуги и хуманитарна помош за решавање на неповолните услови на живот со кои се соочуваат Палестинците.

Тел Авив, исто така, треба да поднесе извештај до МСП за сите преземени мерки за да се спроведе оваа наредба во рок од еден месец.

AA
Популарни