Овој договор е од исклучителна важност, како за светската безбедност на храната, така и за стабилноста и мирот на Црното Море, нагласи Фидан / Photo: AA

Со придонес на нашата земја, Обединетите нации (ОН) подготвија нов пакет предлози за заживување на црноморската иницијатива за жито. Сметаме дека ова е соодветна основа за заживување на иницијативата, изјави денес турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, известува Анадолу.

Зборувајќи на заедничката конференција за новинарите со рускиот колега Сергеј Лавров во Москва, Фидан рече дека ќе продолжат напорите на Туркије за заживување на црноморскиот договор за жито.

„Овој договор е од исклучителна важност, како за светската безбедност на храната, така и за стабилноста и мирот на Црното Море“, нагласи Фидан.

Тој рече дека Туркије ги продолжува напорите за заживување на договорот за жито и тврди дека не постои друга алтернатива.

Русија на 17. јули го суспендираше учеството во Договорот за црноморското жито, велејќи дека не е исполнет дел од договор кој се однесува на рускиот интерес. Русија побара попуштање на банкарските ограничувања и можност за извоз на своето ѓубриво, за да се врати на договорот.

Москва повеќепати се жалеше на Западот дека не ги исполнува обврските во врска со извозот на руското жито.

Договорот за црноморското жито беше постигнат со посредство на Туркије и ОН, со цел да продолжи транспортот на жито од три украински пристаништа во Црното Море, кој беше запрен по почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година.

Популарни