Финска официјално стана 31-ва членка на НАТО / Photo: AP

Финска денес официјално стана 31-ва членка на НАТО, откако министерот за надворешни работи Пека Хаависто му го предаде потпишаниот договор за пристапување на американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

„Со примањето на овој инструмент за пристапување, сега можеме да изјавиме дека Финска е 31-ва членка на Северноатлантскиот договор“, рече Блинкен на церемонијата во Брисел.

Блинкен потврди дека го добил турскиот протокол за пристапување на Финска како последен чин од процесот на пристапување.

Финска официјално стана 31-ва членка на НАТО AP

Менувајќи ја долгогодишната политика, Финска ја објави својата намера да се приклучи на НАТО веднаш откако Русија ја започна војната против Украина во февруари 2022 година.

Со приклучувањето на Финска во НАТО, границата на НАТО со Русија ќе биде речиси двојно поголема.


TRT Balkan / агенции
Популарни