Кога ќе влезете во училницата, не треба да можете да ја препознаете религијата на учениците на прв поглед“, рече министерот за образование Габриел Атал / Photo: AA

Франција планира да го забрани носењето абаја, долга широка облека што ја носат муслиманките, во училиштата, соопшти министерот за образование Габриел Атал.

Атал за телевизијата ТФ1 изјави дека Владата има намера да донесе „јасни правила“ за ова прашање за училиштата во земјата.

Министерот, исто така, рече дека сака да разговара со претставниците на училиштата од следната недела за да им помогне да ја спроведат забраната за облеката слична на фустан наметка што го покрива цело тело.

Одлуката е најнова во неколкуте ограничувања за носењето исламска облека во Франција, каде што критичарите велат дека во последните години Владата ги таргетира муслиманите со изјави и политики, во кое се вбројува и изјавата на претседателот Емануел Макрон дека религијата е „во криза“, потоа спроведувањето рации во џамии и добротворни организации, како и Законот за „антисепаратизам“ со кој се наметнати опсежни ограничувања за заедницата.

Франција, која воведе строга забрана за верските симболи во државните училишта бидејќи законите од 19 век го отстранија секое традиционално католичко влијание од јавното образование, се соочи со потребата да донесе нови насоки поради растечкото муслиманско малцинство. Во 2004 година таа забрани носење шамии во училиштата, а во 2010 година велот во јавноста, што налути дел од петмилионската муслиманска заедница.

Одбраната на секуларизмот е барање што одекнува низ францускиот политички спектар, од левичари кои ги поддржуваат либералните вредности на просветителството до екстремно десничарските гласачи кои бараат поддршка против растечката улога на исламот во француското општество.

„Одлучив дека абајата повеќе не може да се носи во училиштата. Кога ќе влезете во училницата, не треба да можете да ја препознаете религијата на учениците на прв поглед“, рече министерот за образование Габриел Атал за француските медиуми.

Популарни