Француското обвинителство побара казна затвор од пет години за Марин Ле Пен, претседателка на парламентарната група на француската ултрадесничарска партија Национален собир, обвинета за наводно воспоставување „организиран систем“ за пренасочување на јавните средства на штета на Европскиот парламент.
Обвинителство бара казна затвор од пет години, од кои две години се условни без можност за одлагање на извршувањето на казната, пренесоа денеска француските медиуми.
На Ле Пен и се суди пред судот во Париз заедно со уште 24 обвинети лица, а според неа, ова е политички процес покренат со цел да се уништи нејзината партија.
„Постои желба да се уништи партијата“, рече Марин Ле Пен во Собранието, осудувајќи го „насилството и преувеличувањето“ на обвинувањата.
Обвинителството побара затворски казни за обвинетите без можност за одлагање на извршувањето, што значи дека тие ќе треба да се извршат веднаш по изрекувањето на пресудата, без оглед на евентуалното поднесување жалба и паричната казна од 300.000 евра за Ле Пен.
Обвинителите ја детализираа структурата на „организираниот систем“ кој, според нив, бил воспоставен во периодот од 2004 до 2016 година во партијата Национален фронт, која подоцна беше преименувана во Национален собир, со цел, како што се наведува во обвинението, на вработувања фиктивни европски парламентарни асистенти кои всушност работеле за партијата“.
„Денес не сме тука поради лоши намери, или поради обвинувањата на Европскиот парламент, туку поради резултатите од долгата истрага“, рече обвинителката Луиз Нејтан.