Франција: Во напад со нож ранети девет лица, меѓу кои осум деца / Photo: AA Archive

Според француските медиуми, едно лице околу 9:45 часот со нож ги нападнало децата во парк во Анси.

Се нагласува дека во нападот се повредени девет лица, од кои осум деца. Полицијата го приведе напаѓачот, а според информациите на медиумите тројца од повредените се во тешка состојба. Локалната власт на Горна Савоја, каде се случи нападот, упати апел до граѓаните да се држат настрана од местото на настанот.

Француската премиерка Елизабет Борн и министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин се очекува да го посетат местото на нападот. Дарманин на Твитер објави дека неколку луѓе, меѓу кои и деца, се повредени во нападот што се случи во градот Анси.

Тој рече дека напаѓачот бил брзо приведен.

Од друга страна, францускиот претседател Емануел Макрон во објава на Твитер го опиша нападот како „кукавички“, и рече дека жртви на овој напад се претежно деца.

Макрон рече дека „народот е во шок“ поради нападот.

AA
Популарни