Француски пратеник: Расизмот не е став, туку кривично дело / Photo: AA

Францускиот пратеник Карлос Мартенс Билонго кој на почетокот на месецот беше цел на расистички нападнат од страна на екстремно десничарскиот пратеник Грегоар де Фурна во Националниот парламент на Франција, истакна дека расизмот не е став, туку кривично дело.

Црномурестиот пратеник Билонго на 3 ноември имаше свое обраќање на Националниот парламент. Во текот на својот говор Билонго беше прекинат од страна на пратеникот Грегоар де Фурна, кој рече „Нека се врати во Африка“, по што седницата беше прекината.

Расистички нападнат врз Билонго во парламентот се случи во моментот кога тој зборуваше во врска со состојбата на 234 мигранти кои со денови биле заглавени на Медитеранот бидејќи ниту една земја членка на ЕУ не сакала да ги прими по спасувањето од страна на хуманитарниот брод „Ocean Viking“.

Билонго во врска со ова прашање, за кое со денови се дебатира во земјата, рече дека е разочаран што овие ставови се истакнати во 2022 година во францускиот Парламент, и дека е многу лут во врска со кажаното.

Тој нагласи дека иако Фурна ја добил највисоката казна според внатрешниот акт на парламентот, француските граѓани сметаат дека оваа казна е недоволна.

Зборувајќи дека сите парламентарни партии реагирале против овој настан, освен партијата на Фурна, Билонго рече: „Ова е неприфатлив расистички израз. Расизмот не е став, туку кривично дело“.

Францускиот пратеник Билонго истакна дека овие ставови на Фурна исто така значат навреда за француската нација.

Тој нагласи дека на европскиот континент се случува војна и дека расизмот и ксенофобијата треба да бидат елиминирани.

Што се однесува до прашањето дали тој или некој друг пратеник претходно бил изложен на ваков напад, Билонго рече: „За жал и претходно имало вакви случаи. Покрај пораките за поддршка по овој тажен случај, уште еднаш добив навреди преку електронска пошта, по пошта, Твитер и други различни платформи“.

Иако екстремно десничарскиот пратеник Фурна во изјава за локалните медиуми по настанатиот случај тврдеше дека со овие зборови се осврнал на мигрантите на бродот, а не на Билонго, по ова прашање долго време се дебатираше во Франција.

Националниот парламент на Франција на 4 ноември му додели казна на Фурна која вклучува неиспаќање на две месечни плати и забрана за влегување во парламентот 15 дена.

AA
Популарни