Францускиот произведувач на цемент Лафарж ќе се изјасни за виновен за американските обвинувања за давање материјална поддршка на терористичката група ДАЕШ, се наведува во повеќе објавени денешни извештаи.
Ова го објави Холсим (Holcim), кој го купи Лафарж во 2015 година, а се очекува Министерството за правда на САД да одржи прес-конференција на која официјално ќе го објави договорот за признавање на вината.
Како дел од своето изјаснување, Лафарж-Холсим, како што компанијата е позната сега, се согласила да ја плати казната во износ поголем од 777 милиони долари, откако неговата сириска подружница извршила плаќања на вооружени групи, вклучувајќи ја терористичката група ДАЕШ, со цел да го заштити својот персонал во Сирија, земја разорена од војна. Севкупно, од прилика, 17 милиони долари платени ѝ се на терористичката група од 2012 до 2014 година, наведува CNBC.
Холсим рече дека го поддржува договорот за признавањето вина и тврди дека „ниедно ова однесување не го вклучувало Холсим“.
„Тоа е во потполна спротивност со сето она за што Холсим се залага“, се наведува во соопштението на компанијата.
„Lafarge SA и LCS ја прифатија одговорноста за активностите на поединечни вклучени раководители, чие однеснување било флагрантно кршење на кодексот на однесување на Лафарж. Длабоко жалиме што се случи ова“.
Се мислеше на Лафарж Цемент Сирија (LCS), која беше сириска подружница на Лафарж се додека не запрела со работа во октомври 2014 година.
Претходната интерна истрага откри незаконски плаќања на ДАЕШ и други милитантни групи во Сирија.
18 окт 2022
Францускиот Лафарж ја помагал терористичката организација ДАЕШ
Францускиот произведувач на цемент Лафарж се согласи да ја плати казната во износ од повеќе од 777 милиони долари откако неговата сириска подружница извршила исплати на терористичката група.
TRT Balkan / агенции
Поврзани новости
Написи во тренд во оваа категорија
Што друго би сакале да знаете?
Популарни