Францускиот парламент ја прекина работата поради расна навреда на пратеник.    Фото: АА / Photo: AA

Францускиот парламент го прекина заседавањето вчера откако член на крајна десничарска партија обраќајќи се кон црномурестиот пратеник Карлос Мартенс Билонго, му дофрли „врати се во Африка“.

Билонго, член на левичарската партија France Insoumise, се обраќаше во парламентот кога членот на крајната десница дофрли: „Вратете се во Африка!“, објави партијата на Твитер.

„Екстремната десница останува она што секогаш била, расистичка и мачна. Соодветна санкција мора да биде изречена веднаш“, додадоа од партијата.

TRT Balkan / агенции
Популарни