Идентификувани се околу 30 жртви, додека сѐ уште се водат напори за идентификување на другите / Photo: AA

Палестинската цивилна одбрана ексхумираше уште најмалку 51 тело од масовна гробница во комплексот на болницата Насер во градот Кан Јунис, на југот од Појасот Газа.

„Идентификувани се околу 30 жртви, додека сѐ уште се водат напори за идентификување на другите“, изјави за Анадолу Исмаил ал-Тавабта, генерален директор на канцеларијата за медиуми на владата во Газа.

Тој истакна дека од масовна гробница во тој болнички комплекс биле ексхумирани 334 тела.

Телата беа откриени откако израелската армија се повлече од Кан Јунис на 7 април по четиримесечна окупација.

Израел од 7 октомври минатата година извршува брутални напади во Појасот Газа, во кои загинаа најмалку 34.200 Палестинци, главно жени и деца, а 77.200 се повредени.

AA
Популарни