Додека израелските напади врз Појасот Газа траат 200 дена, Палестинец со песна се обидува да ги оддалечи децата од суровата реалност на војната.
Нидал Кајдан, татко на четири деца, на овој начин се обидува да го намали психолошкиот притисок што тој и неговите деца го доживуваат.
„Ја напишавме оваа песна заедно. Овие зборови ја отсликуваат реалноста во која живееме и неволјите што ги доживуваме. Ќе свариме чај, без шеќер, без чај, без масло. Моите деца и јас сакавме на овој начин да им ги кажеме на луѓето нашите проблеми. Сакав преку песната да кажам што се случува во Газа и со какви проблеми се соочуваме“, рече Кајдан.
Овој Палестинец рече дека поминал Рамазан, светиот месец на муслиманите, и Бајрам.
„Овие деца минуваат низ многу тешки времиња. Не можат ниту да јадат ниту да ги задоволат своите потреби. Децата се најпогодени од војната. Луѓето е потребно да го видат ова сега“, рече Кајдан.
Како што изјави, децата немаат можност да одат на училиште.
„Преку песни, на забавен начин, сакавме да им пренесеме порака на децата во светот“, рече Кајдан.
Трагедија што ќе остане во историјата се случува во Појасот Газа, каде што израелската Армија ги продолжува нападите веќе седум месеци. Жителите на Газа се обидуваат да преживеат без вода, струја и храна. Како и секогаш, нападите и блокадите најмногу ги погодуваат децата.