Ниедна болница не е целосно оперативна во северна Газа, каде што уште една мисија на СЗО беше откажана поради опасност и недостиг на потребни дозволи, рече Гебрејесус / Photo: AA

Масакрот во Газа мора да престане, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус.

Во изјава на својот профил на социјалните мрежи, Гебрејесус наведе дека примиле вознемирувачки извештаи за сè почестите судири и тековните наредби за евакуација во близина на болницата Ал Акса во Газа, истакна Гебрејесус.

Наведувајќи дека според директорот на болницата, повеќе од 600 пациенти и повеќето здравствени работници морале да ја напуштат болницата, Гебрејесус посочи дека не се знае каде се наоѓаат тие луѓе.

Гебрејесус, исто така, наведе дека официјални претставници на СЗО и Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарната помош вчера ја посетиле болницата Ал Акса и биле сведоци како голем број ранети се носат за итна помош.

Истакнувајќи дека ниедна болница не е целосно оперативна во северниот дел на Газа, каде што уште една мисија на СЗО беше откажана поради опасност и недостиг на потребни дозволи, Гебрејесус истакна дека во цела Газа работат само „грст“ здравствени установи.

„Персоналот на СЗО виде мачни сцени во болницата Ал-Акса, каде луѓе од сите возрасти се лекуваат на подови прекриени со крв и хаотични ходници. Масакрот во Газа мора да престане“, нагласи Гебрејесус.

AA
Популарни