Генералното собрание на ОН бара итно хуманитарно примирје во Газа / Photo: Reuters

Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) со 120 гласа „за“, усвои резолуција со која се повикува на итно хуманитарно примирје во Газа.

Четрнаесет членки на ОН гласаа против резолуцијата, вклучувајќи го Израел, САД, Унгарија, Австрија, Хрватска и Фиџи.

Четириесет и пет беа воздржани, вклучувајќи ги Велика Британија, Австралија, Канада, Украина, Тунис, Јапонија, Индија и Германија. Необврзувачката резолуција усвоена е на предлог од околу 50 држави, вклучувајќи ја Туркије, Палестина, Египет, Јордан, Саудиска Арабија и ОАЕ, а повикува на „моментално, трајно и одржливо хуманитарно примирје“ и бара од сите страни да се придржуваат на меѓународното хуманитарно право и „континуирано, доволно и непречено“ пружање на основните залихи и услуги во Појасот Газа.

Со резолуцијата се осудени „сите акти на насилство против палестинските и израелските цивили, вклучувајќи ги сите акти на терор и неселективни напади, како и сите акти на провокации, ранувања и уништувања“.

Канадскиот амандман кој повикува на резолуцијата со која се осудува Хамас и „земањето заложници“ не е усвоен. Доби 85 гласови за, 55 против, а 23 воздржани и не го доби потребното двотретинско мнозинство.

TRT Balkan / агенции
Популарни