Потрошувачите  во Германија поради високата инфлација најмногу штедат на секојдневните намирници     Фото: АА

Според резултатите на компанијата за истражување на пазарот GfK, потрошувачите во Германија поради високата инфлација најмногу штедат на секојдневните намирници или производи за лична нега.

„Кога станува збор за патување, ова лето нема да се штеди. Кога е во прашање облеката, се претпочитаат поевтини производи“, се наведува во истражувањето.

Во Германија, ефектите од инфлацијата се значително видливи кај производите што се употребуваат во секојдневието, меѓу кои се и производите за лична нега. Во оваа област забележан е голем пад во месеците од јануари до мај.

Истражувачите наведуваат дека се купени се 8,2 отсто помалку месо и сувомеснати производи, 8,5 отсто помалку свежо овошје и зеленчук и 7 отсто помалку пекарски производи.

Потрошувачите почесто користат и специјални понуди, а за 36 отсто од луѓето, цената е моментално најважниот критериум придонесување на одлуката за купување.

Според истражувањето на GfK, додека производите за секојдневна употреба забележале силен пад на побарувачката, индустријата на патување се развила во спротивна насока. По повеќе од две години од пандемијата со Ковид-19 (коронавирусот), потрошувачите имаат многу нешта да надоместат. Бројот на резервации за приватни патувања во актуелната летна сезона е споредлив со предпандемиска 2019 година, во некои случаи и надминат.

Постоеше и заостанување во побарувачката кога е во прашање облеката во текот на пандемијата. Моментално модните купувачи намерно се обидуваат да ја избегнат инфлацијата. Просечно платената цена беше нешто пониска од онаа во мај во 2019 година.

Според истражувачите на пазарот, зад тоа стојат две стратегии: потрошувачите купуваат поевтини производи во специјализирани продавници или се префрлуваат на други канали на продажба со пониски цени.

Што велат статистичките податоци на Евростат?

Секое пето лице во Германија (22,4%) има премалку пари за да еднаш годишно може да дозволи седумдневен одмор. Ова произлегува од податоците кои претседателот на левичарската фракција во германскиот Бундестаг Дитмар Барч ги побара од Европската статистичка агенција Еуростат.

Посебно кај лицата со деца значително се зголемува статистичкиот ризик да не можат да си дозволат седум дена одмор. Четири од десет самохрани родители (42,2 отсто) за тоа немаат доволно финансии. За паровите ризикот од сиромаштво расте со бројот на деца. Седумдневен одмор не можат да си дозволат 18,1 отсто парови со едно дете. Со три и повеќе деца стапката расте на 29,4 отсто.

Паровите без деца со еден партнер повозрасен од 65 години имаат најмал ризик од сиромаштво. Во оваа група 15,9 отсто луѓе немаат пари за одмор.

TRT Balkan / агенции
Популарни