Германија ја одбележува 30-годишнината од неонацистичкиот напад во Солинген / Photo: AA

Германскиот канцелар Олаф Шолц во понеделникот се сети на жртвите од расистичкиот подметнат пожар во Солинген во 1993 година, во кој загинаа пет членови на турско семејство.

„Тоа беше мрачен ден во Солинген пред 30 години“, напиша Шолц на Твитер и подвлече дека должност на државата е да ги заштити имигрантите и да ги казнува расистичките злосторства.

„Убиството на пет лица со турски корени од страна на десничарските екстремисти не потсетува дека треба да ги заштитиме сите што живеат овде, да ги казниме злосторствата и да им помогнеме на жртвите“, рече тој.

Шолц повика на почит кон луѓето од други култури и ја подвлече важноста од заштита на социо-културната различност на Германија.

Куќата на турското имигрантско семејство во Солинген беше запалена во 1993 година од неонацистите поради зголеменото незадоволство против странците во земјата по обединувањето на Источна и Западна Германија.

Во пожарот загинаа три девојчиња Саиме Генц, Хулја Генч и Гулустан Озтурк и две жени Хатиџе Генч и Гурсун Инџе, додека други 14 беа повредени, меѓу кои и неколку деца.

По подметнувањето пожар, полицијата уапсила четворица десничарски екстремисти, кои биле осудени на затворска казна од 10 до 15 години.

Најмалку 213 луѓе се убиени во Германија од неонацистичкото насилство од 1989 година, според организацијата за човекови права Амадеу Антонио Фондацијата.

Расизмот и понатаму е главен проблем во земјата, бидејќи официјалните бројки покажуваат зголемување на екстремно десничарските злосторства во последните години.

Десничарските екстремисти минатата година извршија 1.170 насилни напади насочени кон мигранти, бегалци или политички противници. Во тие напади беа повредени најмалку 675 лица.

TRT Balkan / агенции
Популарни