Германија бара работници за аеродромите     Фото: АА

Германија планира да донесе работници од странство со цел да го реши проблемот со недостигот на персонал на аеродромите. Според одредени проценки, на аеродромите во Германија недостасуваат две до три илјади вработени.

Германскиот министер за труд, Хубертус Хајл, за весникот „Билд ам зонтаг“ изјави дека Владата планира да дозволи итно потребниот персонал да биде привремено донесен во Германија од странство.

Истакнувајќи дека сакаат да спречат каква било експлоатација и ниски плати за странските вработени, Хајл изјави дека работодавачите треба да ги исплатуваат платите и да обезбедат соодветно сместување според колективниот договор.

Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер, исто така, изјави дека сакаат да дозволат помошни работници од странство да бидат распоредени на ракување со багаж.

AA
Популарни