#NHI07 : Iran executes German-Iranian Jamshid Sharmahd: judiciary / Photo: AFP

Германија објави дека ќе ги затвори конзулатите на Иран во земјата, како одговор на егзекуцијата на германско-иранскиот дисидент Џамшид Шармахд.

Mинистерката за надворешни работи Аналена Баербок во Њујорк рече дека Шармахд бил погубен и покрај интензивните дипломатски напори на Берлин на највисоко политичко ниво.

„Постојано му стававме до знаење на Техеран дека егзекуцијата на германски државјанин ќе има сериозни последици, па решивме да ги затворам генералните конзулати на Иран во Франкфурт на Мајна, Минхен и Хамбург“, рече таа.

Шармахд, 69-годишен германско-ирански државјанин, беше егзекутиран во понеделникот во Иран, по пресудата за „заговор за терористички напади“, што тој жестоко го негираше.

Тој беше обвинет дека водел група со седиште во САД, позната како „Тондар“, која се обидува да ја врати монархијата во Иран, што беше соборена со Исламската револуција во 1979 година. Иранските власти тврдеа дека групата планирала бројни терористички акти против Иран под наредба на западните и американските разузнавачки агенции.

AA
Популарни