Германија: Онлајн настава на универзитетите поради енергетската криза

Германските универзитети се приморани на мерки на намалување на трошоците поради енергетската криза.

Универзитетот во Кобленц во Рајнската област, како одговор на барањата за заштеда на енергија наметнати од владата, планира да ја огранични наставата од почетокот на декември до почетокот на јануари.

„Со цел да се постигнат 15 проценти заштеда на енергија што се очекуваат од јавните институции, ќе нудиме онлајн предавања од 4 декември 2022 година до 8 јануари 2023 година“, се вели на веб-страницата на Универзитетот.

Заштеда најавија и други универзитети во Германија. Јавниот сервис МДР објави дека Универзитетот во Ерфурт во германската покраина Тирингија планира да ја затвори својата библиотека за време на викендите до крајот на годината. Покрај тоа, часовите ќе се одржуваат онлајн на почетокот на годината. Весникот „Велт“ објави дека секојдневно се планираат онлајн курсеви на други универзитети.

„Ова многу не загрижува, бидејќи студентите се веќе финансиски оптоварени“, изјави Карлота Еклое од одборот на Слободното здружение на студенти (ФЗС) за весникот „Шпигел“ за планот на универзитетот да заштеди на сметка на студентите.

Таа ги повика универзитетите да обезбедат простори и за дигитални настани, за оние кои не можат да си дозволат греење во домовите да имаат топло место за студирање.

TRT Balkan / агенции
Популарни