Како одговор на високите трошоци на енергијата, студентските домови во германскиот град Хановер ќе го намалат греењето и собната температура ќе ја ограничат на 20 степени целзиусови.
Медиумската група Redaktionsnetzwerk Deutschland (RND) јави дека поради енергетската криза и големата инфлација ќе пораснат трошоците на комуналните услуги во домовите.
По 22 часа нема да да биде достапна топла вода, бидејќи студентските домови повеќе не можат да ги поднесат растечките трошоци на енергија.
За студентите ќе поскапат и оброците во универзитетските мензи. Исто така се очекува дека студентите ќе бидат приморани да плаќаат повисоки кирии.
Тоа особено ги погодува 30 отсто од студентите кои пред енергетската криза веќе беа класифицирани како „сиромашни“ според неодамнешната студија на германското Паритетно здружение.
Проблемите во Хановер не се единствен случај. Неодамна и студентското здружение AStA предупреди дека студентите во Франкфурт би можеле да се соочат со тешка зима.
„Драстичното зголемување на трошоците на животот ги погодува студентите со полна пареа“, се наведува во соопштението на здружението.
AStA ја поздрави германската Влада и локалните власти да преземат одговорност и да ги задоволат „основните потреби“ на студентите.