Германија во 2022 година забележа повеќе од 8.000 случаи на дискриминација

Германија минатата година забележала повеќе од 8.000 случаи на дискриминација, со зоглемување на 14 отсто во споредба со 2021 година, според новиот извештај на главната агенција за борба против дискриминација во земјата.

Ферда Атаман, државна комесарка за борба против дискриминација, одржа прес-конференција во главниот град Берлин, изјавувајќи дека бројките се алармантни.

Повеќето од тие тужби поднесени се од лица кои доживеале дискриминаиција или неповолна положба поради своето етничко потекло.

Сојузната агенција за борба против дискриминација нуди советување на лица кои во својот професионален или приватен живот доживеале дискиминација врз основа на етничкото потекло, верата, ставовите, возраста, инвалидитетот или полот.

Од 2019 година Федералната агенција за спречување дискриминација објавува годишни извештаји за својата работа.

TRT Balkan
Популарни