Германија денес соопшти дека е длабоко загрижена поради ризикот од ширење на блискоисточниот конфликт по убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, во Иран.
„Федералната Влада со голема загриженост ја следи ситуацијата на Блискиот Исток. Како што знаете, канцеларот (Олаф Шолц) постојано бара од сите страни да не придонесуваат за понатамошна ескалација“, изјави за новинарите во Берлин владиниот заменик-портпарол Вофганг Бухнер.
Изјавата на Бухнер ја повтори и портпаролот на МНР, Себастијан Фишер, кој предупреди дека „регионот не смее да западне во конфликт“.
Фишер истакна дека министерката за надворешни работи Аналена Баербок телефонски разговарала со својот јордански колега Ајман ал-Сафади во петокот пред да замине на состанок во иранскиот главен град Техеран.
„Интензивно разговараме со сите партнери што ги споделуваат нашите грижи“, додаде Фишер.
Според неговите зборови, Берлин ги користи сите канали за да работи на деескалација на ситуацијата и „ескалацијата може да се избегне и бара воздржаност од сите страни“.
Тензиите ескалираа по атентатот на Ханије во Техеран и израелското убиство на воениот командант на Хезболах, Фуад Шукр, во Бејрут минатата недела.
Нападите се случија во заднина на континуирани престрелки меѓу либанската група и Израел и војната во Газа во која Тел Авив уби речиси 40.000 Палестинци од 7 октомври 2023 година.
Иран и Хезболах ветија дека ќе му возвратат на Израел.