Германската министерка за одбрана поднесе оставка поради критиките / Photo: AA

Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт поднесе оставка по серијата фијаска и остри политички пресврти што го зголемија притисокот врз Владата.

Ламбрехт во изјава за германската новинска агенција ДПА рече дека оставката му ја дала на канцеларот Олаф Шолц.

„Со повеќемесечниот медиумски фокус врз мене едвај се дозволуваше фактичко известување и дебата за Германските вооружени сили (Бундесвер) и одлуките за безбедносната политика“, рече Ламбрехт.

Како што рече, вредната работа на војниците и многу луѓе во нејзиниот оддел мора да биде во прв план.

„Затоа одлучив да ја ставам својата канцеларија на располагање“, додаде Ламбрехт.

Опозициските партии ја критикуваа министерката бидејќи не покажала водство, занемарила сериозни проблеми на оружените сили и за бавноста во испораките на оружје за Украина.

Политичарката на Социјалдемократите беше под жестоки критики претходно овој месец откако на социјалните мрежи објави новогодишен говор кој е снимен во текот на прославата во Берлин.

„Среде Европа беснее војна“ рече Ламбрехт додека во позадина се слушаше звук на огномет.

Германските опозициски политичари и експерти за одбрана го нарекоа видеото „срамно“, повикувајќи ја министерката да поднесе оставка.

TRT Balkan / агенции
Популарни