Германската полиција жесто коинтервенираше против пропалестинските активисти кои протестираа против израелските напади врз Појасот Газа на зелената површина до зградата на владата во Берлин.
На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа дека полицијата се однесува грубо, па дури и ги удира активистите кои се обиделе да ги приведат при интервенцијата.
На видеото се гледа и како полицијата ги става рацете преку устите на некои активисти за да ги спречи да извикуваат слогани.
При интервенцијата полицијата употреби и солзавец кон насобраните граѓани.
Минатиот викенд полицијата во Германија го спречи одржувањето на палестинскиот конгрес со исклучување на струјата во салата.
Министерството за внатрешни работи, исто така, не му дозволи влез во Германија на ректорот на Универзитетот во Глазгов, Гасан Абу-Ситах, кој е роден во Палестина и требаше да одржи говор на конгресот.
Министерството, исто така, му забрани на поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис да учествува во политички активности во Германија поради неговата јавна поддршка за Палестина.