Весникот „Билд“ објави дека моментално постои недостаток на калциум фолинат, особено за пациентите со колоректален карцином. / Photo: Reuters

Германскиот здравствен систем е во длабока криза. Болниците и детските клиники се преполни, недостигаат антипиретици, лекови против болки и антибиотици, а сега има недостиг и од лекови за рак.

Весникот „Билд“ објави дека моментално постои недостаток на калциум фолинат, особено за пациентите со колоректален карцином.

„Ни снемува на крајот на оваа недела. Како лекарите и фармацевтите треба да одлучат кој пациент ги добива последните лекови за рак?", прашал фармацевт од источниот германски град Јена во покраината Тирингија.

Германското фармацевтско здружение Фагро (Phagro) на својата интернет страница предупреди дека недостатокот на залихи на одредени места достигна драматични размени.

Во соопштение за медиуми, германскиот Федерален институт за лекови и медицински помагала (BfArM), за недостигот на лекови го обвини создавањето залихи на некои аптеки и трговци на големо.

„Како резултат на тоа, има недостиг на лекови на други места“, велат од BfArM.

Втора причина е големиот број на респираторни инфекции кај децата, што ја зголемува побарувачката на лекови.

Министерот за здравство Карл Лаутербах во вторникот ги претстави нацртите за реформа на синџирот на снабдување.

„Тие лекови за деца мораме да ги отстраниме од фиксните количини, за да се продаваат и поскапо. На здравствените осигурителни компании им беше наложено да платат 50 отсто повеќе од оваа фиксна сума“, изјави Лаутербах во гостувањето на програмата на јавниот сервис АРД.

Основата на законот помеѓу останатото предвидува нови правила за цени за да снабдувањето биде економски поисплатливо за добавувачите.

Според BfArM, моментално постојат 330 извештаи за недостаток на препарати. Меѓутоа, според Министерството за здравство, тоа не значи секогаш автоматски недостаток на понудата.

TRT Balkan / агенции
Популарни