Протестите во рамките на „Движењето на пешкирите“ дадоа резултати па Врховниот суд на Грција минатата недела нареди истрага за тоа колку угостителските објекти на плажите го заземаат просторот и незаконски работеле на бројни јавни плажи. / Photo: Reuters

Протестите во рамките на „Движењето на пешкирите“ дадоа резултати па Врховниот суд на Грција минатата недела нареди истрага за тоа колку угостителските објекти на плажите го заземаат просторот и незаконски работеле на бројни јавни плажи.

Одлуката е донесена по зголемениот број поплаки на островите Парос и Серифос, каде што наводно било отворено кафуле на плажа и покрај тоа што општината го затворила.

Реагирајќи на зголемениот бес на граѓаните, и грчкиот министер за економија и финансии Костис Хацидакис нареди инспекции на плажите за да се утврдат прекршоци поврзани со незаконско окупирање на плажите.

Сè започна на Парос минатиот месец каде што беше покренато „Движењето на граѓаните на Парос за слободни плажи“, т.н. „Движење на пешкирите“, а кое сега се прошири на другите делови на Грција, вклучувајчи ги Тасос, Крв, Крит и Халкидики.

На крајот на јули, на социјалните мрежи кружеше фотографија на која се гледа собир на стотици граѓани на плажата на Парос како веат транспарент со натпис „Да ги повратиме плажите“. Оттогаш, на социјалните мрежи се објавени бројни фотографии и видеа на кои се гледаат плажите окупирани од лежалки по „често превисоки цени“.

Хаштагот „kinima petsetas“ („движење со пешкир“) стана еден од првите трендови на Твитер, преименуван во X.

Под притисок на граѓаните кои бараат „слободен пристап“ до плажите кои често се попречени од мноштвото лежалки и чадори, властите неодамна ја засилија контролата, изјави во неделата градоначалникот на островот Парос.

„Ако претходно беше често прекршувањето на законот за слободен пристап до море, летово проблемот се влоши и благодарение на движењето на граѓаните се зајакнаа контролите, рече Маркос Коваиос.

Спорадични мобилизации имаше и на други туристички острови - Миконос, Наксос, Крит - но и во одморалиштата на копното.

„Сакаме јавните простори, како оние покрај морето, да бидат слободни, достапни, слободни и чисти. Ништо помалку“, резимира колективот „Активни граѓани“ на X.

Според грчките закони, деловните субјекти или баровите на плажа во близина на брегот мора да остават слободен простор од најмалку 50 отсто од површината на плажата, со цел да се обезбеди пристап до морето.

Во случај на прекршување на законот, градските власти мора да го пријават проблемот до Министерството за финансии, органот надлежен за издавање дозволи за стопанисување на плажите и за издавање казни, потсетува Маркос Коваиос.

Сојузот на градоначалници во Грција неодамна побара од владата да ги пренесе сите овластувања за контрола на плажите на локалните власти со цел поефикасно да се спроведе законот.

TRT Balkan / агенции
Популарни