Во Грција во последните 24 часа избувнаа 46 шумски пожари поради топлотни бранови и силни ветрови.
Грчката противпожарна служба објави дека за следните неколку дена е издадено предупредување за „висок ризик од шумски пожари“ за многу региони во земјата.
Соопштено е дека во последните 24 часа избувнале 46 шумски пожари во различни региони на Грција, а голем дел од нив биле изгаснати пред да се прошират.
Тие истакнаа дека метеоролошките услови во регионот Атики, во кој е вклучен главниот град Атина, го зголемиле ризикот од шумски пожари.
Се очекува топлотниот бран во земјава да го достигне својот врв на 20 јули.
TRT Balkan / агенции