Активистите на Гринпис повлекоа заштитна лента со натписот „климатски злосторства“ на надворешната страна на Министерството за сообраќај, во знак на протест против германската политика на заштита на околината и климата.
„Сојузната влада, а особено министерот за сообраќај Висинг, го кршат моменталниот закон за заштита на климата“, вели експертот за сообраќај на Гринпис, Марион Тиман.
„Требаше да разговараме за ова кршење на законот наместо да нѐ попречуваат обидите на криминализирање на мирните климатски протести. Секој кој и понатаму ги одбива мерките кои брзо ја намалуваат емисијата на јаглерод диоксид станува соучесник за климатската криза која веќе погодува милиони луѓе“, додаде Тиман.
Така мислат и одредени активисти на Гринпис кои од предната страна на зградата на Министерството за сообраќај развлекоа две 40 метри долги заштитни ленти со натпис „климатски злосторници“. Токму во таа зграда се наоѓа и кабинетот на министерот за сообраќај Волкер Висинг (ФДП).
Според достапните податоци, сообраќајниот сектор треба да ги намали емисиите на стакленички гасови за 118 до 175 милиони тони до 2030 година, а планот не вклучува мерки за тоа.
Само неколку дена пред почетокот на моменталната климатска конференција на Обединетите нации во Египет, стручниот совет потврди дека германската влада само со значителни поголеми напори може да ја постигне климатската цел до 2030 година.
Далеку најголем јаз е во транспортот, каде емисиите на јаглерод диоксид мораат да паднат речиси 14 пати побрзо од просекот во последните 10 години.
„Оваа влада ветуваше напредок, вклучувајќи и заштита на климата. Владата не смее да гледа како ФДП и нејзиниот министер за сообраќај го саботираат кредибилитетот на германската климатска политика. СПД и Зелените би требало да бараат сериозни климатски мерки од министерот за сообраќај Висинг“, наведе Тиман.