утереш додаде дека моменталните услови оневозможуваат изведување на осмислени хуманитарни операции / Photo: AA

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, вчера во Советот за безбедност предупреди дека војната во Појасот Газа „може да ги влоши постоечките закани по меѓународниот мир и безбедност“.

Повикувајќи се на членот 99. од Повелбата на ОН по првпат откако е именуван за највисок функционер на оваа организација во 2017 година, Гутереш во писмото до Советот вели:

„Повеќе од 8 недели непријателство во Газа и Израел предизвикува страшно човечко страдање, физичко уништување и колективна траума низ Израел и окупираните палестински територии.“

Гутереш додаде дека моменталните услови оневозможуваат изведување на осмислени хуманитарни операции.

„Соочени сме со сериозен ризик од колапс на хуманитарниот систем. Ситуацијата бргу се влошува во катастрофа со потенцијални неповратни импликации за Палестинците во целост и за мирот и безбедноста во регионот. Таков исход мора да се избегне по секоја цена“, истакна Гутереш.

AA
Популарни