МААЕ соопшти дека ќе биде спроведена дополнителна истрага за да се утврди каде се наоѓа нуклеарниот материјал и да се разјаснат околностите околу неговото отстранување / Photo: TRT World

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека околу 2,5 тони ураниум исчезнале од локација во Либија. Инспекторите на МААЕ открија дека десет складишта полни со ураниумска руда исчезнале за време на нивната посета на неоткриена локација. Тоа ја зголеми загриженоста за потенцијалните радиолошки ризици и заканите за нуклеарната безбедност.

Анас Ел Гомати, основач и генерален директор на Институтот Садек со седиште во Триполи изјави дека ураниумот најверојатно е украден од североисточна Саба, град оддалечен околу 640 километри од Триполи.

„Можноста нуклеарните материјали да паднат во рацете на недржавни актери или терористички групи претставува значајна безбедносна закана, не само за Либија, туку и за нејзините соседни земји и меѓународната заедница. Исчезнатиот ураниум потенцијално може да се искористи за создавање валкана бомба или да се продаде на црниот пазар на други страни заинтересирани за развој на нуклеарно оружје “, вели Гомати.

Според Гомати, два магацини во регионот кои содржат ураниум се под контрола на либискиот воен лидер Калифа Хафтар. Затоа, Гомати сугерира, дека неговите приврзаници би можеле да стојат зад исчезнувањето на ураниумот, бидејќи имале пристап до магацините.

Гомати, исто така, посочува дека локацијата е под „зона на влијание“ на руската група Вагнер и сугерира дека платениците можеби биле вклучени и во кражбата на ураниумот.

МААЕ соопшти дека ќе биде спроведена дополнителна истрага за да се утврди каде се наоѓа нуклеарниот материјал и да се разјаснат околностите околу неговото отстранување.

Неизвесно е кога дошло до исчезннуање на ураниумот. Инспекторите претходно не можеа да ја посетат локацијата поради тековните конфликти во регионот. МААЕ, исто така, откри дека локацијата не била на територија контролирана од владата.

Во текот на либискиот конфликт, Обединетите нации и другите организации за човекови права издадоа неколку предупредувања дека Либија може да се претвори во експериментално поле за оружје.

Либија е рангирана на 110 од 154 земји според Индексот за нуклеарна безбедност на Иницијативата за нуклеарна закана. Поранешниот либиски владетел Моамер Гадафи во 2003 година се откажа од сите програми за оружје за масовно уништување. Но сепак и покрај ваквата политика кон оружјето за масовно уништување, граѓанската војна која е во тек е уште една причина поради која меѓународната заедница во Либија гледа закана кога е во прашање нуклеарното оружје.

Во 1970-тите, Гадафи ја објави решеноста на неговата земја да набави нуклеарно оружје, бидејќи сметаше дека Израел со својата нуклеарна технологија е закана за Либија.

Меѓутоа, Гадафи го промени својот курс во 1980 година со потпишување договор со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и се согласи да ги стави сите нуклеарни постројки на Либија под меѓународен надзор. Ова го отвори патот за Либија да стави крај на ширењето и да се откаже од залихите на оружјето за масовно уништување.

И покрај неутрализирањето на залихите од нуклеарно оружје, Либија сè уште имаше суровини, вклучително и ураниум, кои беа складирани во тајни складишта. Со продолжувањето на граѓанската војна, овие локации со ураниум отидоа под контрола на она што Гомати го опиша како недржавни актери.

TRT World
Популарни