Либија: Поплавите во Дерна причина за смртта на 5.300 лица / Photo: AA

Бројката на загинати во поплавите што го зафатија градот Дерна во источниот дел на Либија се зголеми на 5.300, а илјадници се водат за исчезнати.

Според вестите што вчера ги објави официјалната новинска агенција ЛАНА, само во градот Дерна поплавите од 10 септември се причина за смртта на 5.300 лица.

Претставникот на либиското МВР, Мухамед Ебулуша, потврди дека се зголемува бројката на загинати во поплавите во Дерна, а илјадници се водат за исчезнати.

Бурата „Даниел“, која го погоди Централниот Медитеран, ги зафати либиските градови Бенгази, Бајда, Мерк, Сусе и Дерна.

Властите во источна Либија презедоа низа мерки, вклучувајќи и прекин на наставата во сите јавни и приватни образовни институции, затворање на продавниците и воведување полициски час поради бурата што зад себе остави апокалиптични последици.

Премиерот на Владата на национално единство, Абдулхамид Дбеибе, вчера прогласи тридневна жалост во целата земја поради загинатите од поплавите.

AA
Популарни