Во моментот на пожарот во свадбената сала имало околу 800 луѓе / Photo: AA

Во пожар што избувна во салон за венчавки во Мосул, Ирак, загинаа 100 лица, а околу 500 се повредени. Ахмед Хамдани, заменик директор на Канцеларијата за здравство во Мосул, за локалните медиуми изјави дека пожарот избувнал во сала за венчавки во Хамданија. Во моментот на пожарот во свадбената сала имало околу 800 луѓе. Локалните извори наведуваат дека пожарот бил предизвикан од огномет. Ирачката новинска агенција ИНА претходно објави, повикувајќи се на извор од здравствената канцеларија во Мосул, дека во пожарот загинале 100 лица, а 150 се повредени. На местото на настанот се испратени бројни противпожарни бригади и амбулантни возила од околните провинции. Најавено е дека регионот ќе го посети и министерот за внатрешни работи Абдулемир Шамари. На социјалните мрежи се појавија и видеа од пожарот кој избувна додека младоженците танцуваа. На видеата се гледа како луѓето панично бегаат за да се спасат од огнената стихија.

AA
Популарни