Најмалку 515 лица се повредени при судир на два воза на подземната железница во Пекинг, главниот град на Кина.
Судирот се случил кога кај возот што се наоѓал напред автоматски се вклучил системот за сопирање поради лизгавите шини што биле прекриени со снег.
Властите објавија дека несреќата се случила во надземниот дел на железницата Чангпинг во западниот дел на Пекинг, информирајќи дека се повредени најмалку 515 лица, меѓу кои има и потешко повредени.
На местото на несреќата пристигнале многубројни медицински екипи, полиција, а голем број од патниците се евакуирани.
Обилните врнежи од снег предизвикаа прекин на некои железнички линии и затворање на училиштата во градот.
TRT Balkan / агенции