Заговорот со Тајван за да се стави Кина под конторла е осуден на неуспех, вели Жанг / Photo: AA

Постојаниот кинески претставник во Обединетите нации Жанг Јун рече дека барањето странска поддршка за да се добие независност на Тајван е „ќорсокак“, објавија во петокот кинеските државни медиуми.

Во изјавата, Жанг Јун остро реагираше на потегот на Тајван преку своите сојузници да поднесе заедничко писмо до генералниот секретар на ОН во кое го повика „да го исправи погрешното толкување на ОН на Резолуцијата 2.758 на Генералното собрание на ОН (УНГА) и рече дека тоа нема да успее.

„Т.н. учество на Тајван во ОН е потполно лажна приказна бидејќи има само една Кина во светот и Тајван е неотуѓив дел од кинеската територија“, го цитира Жанг државниот Глобал тајмс .

„Учеството на т.н. Тајван во ОН нема да успее какви и да се користат трикови и барањето странска поддршка за стекнување независност е ќорсокак, а заговорот да се користи Тајван за да се стави Кина под конторла е осуден на неуспех“, додаде тој. Минатата недела, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, исто така остро реагираше на извештаите и рече: „Може да постои само едно место што ја претставува Кина во ОН“.

AA
Популарни