Употребата на напредни системи за предупредување би ги намалила бројот на жртви и обемот на материјална штета предизвикана од разорните поплави во Либија, истакна Светската метеоролошка организација (СМО).
„Да имаше напредно предупредување ќе можевме да го избегнеме поголемиот дел човечки жртви во Либија“, изјави Петри Талас, генерален секретар на СМО, за новинарите во Женева каде што го претстави извештајот „Обединети во науката 2023“.
Во врска со економските загуби од поплавите, тој рече: „Се разбира, не може целосно да ги избегнеме економските загуби, но можевме да ги минимизираме и тие загуби, имајќи соодветни служби.“
Најмалку 6.000 луѓе загинаа, а илјадници се водат за исчезнати поради поплавите во Источна Либија викендов, соопштија официјални претставници.
Поројни дождови зафатија неколку региони во Либија, особено градовите Дерна, Бенгази, Ал-Бајда, Ал-Марџ и Соуса.