Премиерот на Владата на национално единство на Либија, Абдулхамид Дбеибе, нареди итна истрага за уривањето на двете брани во Дерна за време на бурата „Даниел“.
„Го задолжив главниот обвинител итно да започне истрага за уривањето на двете брани во Дерна и надлежните институции целосно да соработуваат во истрагата“, соопшти Дбеибе во објавата на социјалната мрежа Х.
Во разговор за Анадолу, либискиот историчар Ферак Давуд ед-Дернави претходно изјави дека во градот се излеала сета дождовница што дошла од југ.
„Уривањето на двете брани следуваше по бурата 'Даниел'. Ова беше целосна катастрофа“, рече Ед Дернави.
Тој истакна дека локалните власти во Либија изградиле брани обидувајќи се да ја спречат опасноста од природни катастрофи што потекнуваат од долината.
Браните што се урнаа, Ал-Билад и Бумансур, изградени се во 1986 година.
Бурата „Даниел“, која на 10 септември го погоди централниот дел на Медитеранот и Источна Либија, предизвика поплави во градовите Бенгази, Бејда, Мерџ, Соуза и Дерна.
Либиската Влада на национално единство објави дека во поплавите загинале 6.000, а илјадници се водат како исчезнати.