Хаја нагласи дека Синвар настапил без страв и дека се борел на првите линии и се движел меѓу борбените позиции / Photo: AA

Палестинската група на отпорот Хамас денес ја потврди смртта на Јахја Синвар, шефот на политичкото биро на движењето, во израелски воздушен напад во Газа.

Членот на политичкото биро на палестинското движење Хамас, Калил Ал-Хаја изјави дека лидерот на тоа движење Јахја Синвар го загубил животот во израелски напад. Ал Хаја објави видео порака во која објави дека Синвар е убиен во израелски напад во Газа. Тој нагласи дека Синвар настапил без страв и дека се борел на првите линии и се движел меѓу борбените позиции.

„Борбата ќе продолжи се додека не се воспостави палестинска држава со Ерусалим како главен град на сите палестински територии“, рече Ал Хаја. Ал Хаја, исто така, рече дека израелските заложници нема да бидат ослободени додека не престанат непријателствата, израелските сили не бидат целосно повлечени од Газа и ослободени палестинските затвореници.

TRT Balkan / агенции
Популарни