Демократската претседателска кандидатка Камала Харис реагираше на изјавата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп дека „ќе ги заштити жените“.
Според Си-Би-Ес Њуз, Харис ги опишала зборовите на Трамп на митинг во Феникс, Аризона како „навредливи“.
„Тој воопшто не ја почитува слободата на жените или нивната интелигенција да знае што е во нивен најдобар интерес и да одлучува соодветно. Но, ние им веруваме на жените“, рече Харис.
На митинг одржан во регионот Грин Беј во Висконсин, Трамп рече дека администрацијата на претседателот Џо Бајден и неговата заменичка Камала Харис „увезувале криминални мигранти“ во земјата и дека овие луѓе „напаѓале, силувале и убиле жени и девојки“.
Потоа додаде: „Ќе ги заштитам жените без разлика дали им се допаѓа тоа или не“.
Изборите во Соединетите Американски Држави ќе се одржат во вторник, 5 ноември 2024 година.
Победникот ќе добие мандат од четири години во Белата куќа, почнувајќи од инаугурацијата на 20 јануари 2025 година.