Финскиот министер за надворешни работи, Пека Хависто, во ексклузивно интервју за Агенција Анадолија изјави дека не може да се исклучи можноста дека се работи за саботажа во врска со неодамнешното истекување на гас од „Северен тек“.
„Саботажата не може да се исклучи, но ова треба да се истражува како кривично дело. Времето кога Полска го откри истекувањето на гасот од својот гасовод „Балтички тек“, е потсетник дека, доколку тоа е направено намерно, колку ние би требало да бидеме внимателни и колку ние сме ранливи“, рече Хависто.
Данската агенција за енергетика потврди дека се откриени три истекувања на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“.
„Северен тек 2“ се протега паралелно со првиот гасовод, и тој е во руска сопственост. Изграден е во септември 2021 година, но не е пуштен во функција, бидејќи Германија одби да го одобри. Проектот во потполност е запрен само неколку дена пред почетокот на руската војна против Украина на 24 февруари.
Русија го запре протокот од гасоводот „Северен тек 1“ на 31 август.