Тој испрати порака до целиот свет да ѝ помогне на Газа барем за доброто на невините деца / Photo: AA

Во Газа, која со месеци е изложена на израелски напади, владее вистински хорор каде често жртви се жени и деца.

Додека продолжуваат израелските напади и опсадата на блокираниот Појас Газа, случаите на детска неухранетост поради недостиг на храна стануваат сѐ почести.

Последниот потресен случај е смртта на четиригодишната Лина Шеик Калил во градот Деир Балах, која почина поради неухранетост и недостиг на лекови.

Нејзиниот вујко Халил за Анадолу Агенција изјави дека едноставно не можеле да најдат храна и лекови за девојчето.

„Моравме да избегаме од градот Ридван во болницата Акса, но мојата мала роднина почина поради неухранетост и недостаток на лекови. Пред војната беше здрава, но по војната, како што можете да видите, се селевме од шатор во шатор и не можевме да и најдеме храна и ја изгубивме“, изјави овој Палестинец.

Тој испрати порака до целиот свет да ѝ помогне на Газа барем за доброто на невините деца.

„Мојата единствена порака до светот е барем да ги погледне децата во Газа кои умираат поради недостаток на храна, лекови и неухранетост“, рече тој.

Израелската армија уби уште 36 Палестинци во нападите во Појасот Газа, со што вкупниот број на загинати од 7 октомври се зголеми на 39.965, соопшти во средата Министерството за здравство во палестинската енклава.

Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда за неговата континуирана брутална офанзива против Газа од нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафах, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападнат на 6 мај.

AA
Популарни