Италијански хотел одбил да прими израелски клименти со образложение дека доаѓаат од земја одговорна за геноцид врз Палестинците, објавија италијанските медиуми.
Според пишувањето на италијанските медиуми, Патрик Онгаро, менаџер на хотелот Гарни Онгаро во одморалиштето Селва ди Кадоре во подножјето на Алпите што минува низ северниот дел на земјата, не прифатил група израелски клиенти кои дошле за сместување во објектот бидејќи, како што рекол, доаѓат од земја одговорна за геноцидот врз Палестинците.
Се наведува дека ова се случило на почетокот на ноември, кога управителот на хотелот им испратил порака на дотичните клиенти, објаснувајќи ја причината поради која не ги примиле во хотелот и им понудил можност да ги откажат своите резервации бесплатно.
Пораки за поддршка на сопственикот на хотелот беа споделени од многу корисници и профили кои ја поддржуваат Палестина на различни платформи на социјалните мрежи, како што се Инстаграм и „Икс“.
Лука Заја, претседател на регионот Венето, каде што се наоѓа градот Селва ди Кадоре, изјави дека е вознемирен од оваа ситуација и дека вратите на нивниот регион треба да бидат отворени за сите.