Различни организации дистрибуираат храна за раселените Палестинци во бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа / Photo: AA

Додека израелските брутални и деструктивни напади врз блокираниот Појас Газа продолжуваат непрекинато 417 дена, хуманитарната криза во регионот постепено се продлабочува поради целосното ембарго воведено од израелската армија.

Различни организации дистрибуираат храна за раселените Палестинци во бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа.

Многу Палестинци, вклучително и деца, чекаат во долги редици за да добијат храна која е дефицитарна во палестинската енклава.

Хаче Серва е Палестинка која чека ред за храна. Како што рече, доаѓаат да набават храна, бидејќи поради високите цени не можат да ја купат на пазар. Таа повика на прекин на огнот во палестинската енклава.

Таму е и Мухамед Абдулхамид Абу ер-Руз. Тој повика што поскоро да се реши кризата во регионот.

По долго чекање, Мујесер Абдулкадир Касим ел-Масри дошла до чинија со храна. Многупати била раселена со нејзиното 13-члено семејство.

Живеела и во кампот Шати во северна Газа. Како што рече, овде може да земе храна само за три лица, иако нејзиното семејство е многу поголемо.

AA
Популарни