Илјадници луѓе се евакуирани откако во вторникот вечерта избувна голем пожар во регионот Жиронд во југозападна Франција, последниот во серијата шумски пожари што ја зафатија Франција ова лето.
Мартин Гесперо, претставник на локалната власт во регионот Жиронд, изјави дека околу 500 пожарникари се борат со пожарите со помош на авиони.
„Нашата прва цел во оваа борба е да спасиме човечки животи“, нагласи тој.
„Франсинфо“ објави дека пожарот најпрвин во вторникот ги зафатил општините кои се наоѓаат на југот на Жиронд. Брзо изгореа 6.000 хектари шума, а 6.000 луѓе беа евакуирани во текот на ноќта. Пожарот уништи 16 куќи.
„Пожарите избувнаа и во Хостенс и Кабанак-ет-Вилагренс и се проширија во регионот Ландес“, изјавија официјални лица, опишувајќи го пожарот како „многу опасен“.
Во текот на ноќта пожарникарите извршија 215 евакуации во регионот Ландес.
Франција ја погоди четвртиот топлотен бран, односно екстремни температури и долготрајна суша што предизвика пустош и на земјоделските површини и во општините.
Пожарите во вторник и средата се дел од големиот шумски пожар што во јули беснееше во Ландирас, општина во регионот Жиронд, а во кој изгореа 13.000 хектари.
Гесперо изјави дека пожарот никогаш не бил целосно изгаснат, туку само ставен под контрола.