Има истекување на нафтоводот „Дружба“ кој носи нафта од Русија во Европа

Има истекување на нафтоводот „Дружба“ кој носи нафта од Русија во Европа

Овој нафтовод транспортира руска нафта до рафинериите во Полска, Германија, Унгарија, Словачка и Чешка.
Причините за истекувањето од нафтоводот не се познати     Фото: АА

Полскиот оператор на нафтоводот ПЕРН откри истекување на една од двете линии на нафтоводот „Дружба“, што пренесува сурова нафта од Русија во Европа.

Причините за истекувањето се непознати, додека втората линија од цевководот и другите елементи од инфраструктурата на ПЕРН функционираат нормално.

ПЕРН и Државната противпожарна служба веднаш излегле на терен за проценка на ситуацијата, за обезбедување на областа и започнување со предвидените операции.

„Доцна синоќа, системите за автоматизација на ПЕРН открија истекување од цевководот „Дружба“ на една од двете линии од западниот сектор, на околу 70 километри од Плоцк. Во овој момент, сите служби на ПЕРН (технички, оперативни, противпожарната бригада и одделот за заштита на животната средина) преземаат акции во согласност со алгоритмите предвидени за овој тип ситуации“, се вели во соопштението.

Нафтоводот „Дружба“ транспортира руска нафта до рафинериите во Полска, Германија, Унгарија, Словачка и Чешка.

TRT Balkan / агенции
Популарни