Кронин го прекина говорот на фон дер Лајен на самитот за да ги објави неговите обвинувања / Photo: Reuters

Ирскиот новинар и писател Дејвид Кронин се обиде да изврши „граѓанско апсење“ на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за време на Европскиот самит за одбрана и безбедност во Брисел во средата, обвинувајќи ја за „помагање на геноцид во Газа“.

Кронин, помошник на уредникот на „Електронска интифада“, веб-страница фокусирана на Палестина и истакнат глас за израелско-палестинското прашање, го прекина говорот на фон дер Лајен на самитот за да ги објави неговите обвинувања.

„Госпоѓа фон дер Лејен, ова е граѓанско апсење. Вие сте обвинета за помагање на геноцидот во Газа. Му изразивте целосна поддршка на Израел на почетокот на овој геноцид. Крвта на палестинските деца е на вашите раце. Вие сте криминалец г-ѓа фон дер Лајен, Вие на треба да бидете тука, треба да бидете во Хаг“, изјави тој гласно пред да биде изведен надвор и извикуваше „Слободна Палестина“.

Ова не е прв пат Кронин да преземе ваква акција.

Претходно, тој ги нападна поранешниот британски премиер Тони Блер и поранешниот израелски министер за надворешни работи Авигдор Либерман во слични инциденти.

Кронин, во претходна изјава за Анадолу, ја осуди ситуацијата во Газа.

„Ситуацијата во Газа не започна на 7 октомври. Тоа е колонијален процес кој започна на почетокот на 20 век, спонзориран од тогашната империјалистичка сила Велика Британија и продолжи до денес, претворајќи се во грозен геноцид. Воените сили што ги окупираат земјите на друг народ, како Израел, немаат права, туку само одговорности“.

Израел спроведува воена офанзива врз Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас минатиот октомври, во кој загинаа речиси 1.200 луѓе.

Скоро 33.900 Палестинци оттогаш се убиени, а 76.664 други се повредени во услови на масовно уништување и недостаток на неопходни работи.

Израел, исто така, воведе осакатувачка блокада на приморската енклава, оставајќи го своето население, особено жителите на северна Газа, на работ на гладување.

Војната турна 85 отсто од населението во Газа во внатрешно раселување поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека голем дел од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Со привремената одлука во јануари МСП му наложи на Израел да се погрижи нејзините сили да не вршат акти на геноцид и да гарантираат дека ќе им се обезбеди хуманитарна помош на цивилите во Газа.

AA
Популарни